Естонија издава монета од две евра во чест на Украина

од Nikola Popovski

Естонија почна да издава два милиони монети од две евра со украински мотив за да собере средства за земјата во војната.

„Монетата од две евра посветена на Украина од денес преку продавниците почна да допира до луѓето низ цела Естонија и на други места во Европа“, рече гувернерот на естонската централна банка, Мадис Мулер.

Делото е дизајнирано од Дарија Титова, украинска бегалка која студира уметност во Естонија. На монетата е прикажана жена која држи птица покрај класовите пченица со слоганот „Слава на Украина“.

„Украина во моментов води војна по цена на животот на сопствениот народ за заедничките вредности на европскиот културен простор и наше е да продолжиме да ја поддржуваме во тоа“, рече Мулер.

Слични содржини