Естонија поднесе предлог до ЕК за усвојување на осмиот пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Естонија на денешната седница одлучи да достави формален предлог до Европската комисија за усвојување на осмиот пакет санкции против Русија, пренесува агенцијата БНС, повикувајќи се на естонскиот министер за надворешни работи, Урмас Реинсалу.

Според извештајот, Естонија сака да го прошири осмиот пакет на економски, енергетски и трговски санкции против Русија и да вклучи дополнителни лица на списокот со санкции.

Европската унија досега одобри седум пакети санкции против Русија поради воената операција во Украина.

Слични содржини