Естонија поставува ограда за да се заштити од мигрантите

од Берта Китинска

Естонските вооружени сили, со помош на полицијата и граничната служба, започнаа со изградба на привремени огради долж источните граници на земјата со Русија, кои ќе претставуваат заштита од можни масовни бранови на миграција.

„Досега миграцискиот притисок врз Естонија не е зголемен, но доколку дојде до промена, брзата изградба на привремени бариери ќе игра значајна улога во спречувањето на масовната илегална миграција“, изјави Егерт Белишев, службеник на естонската граница, пренесува ТАСС.

Како што се наведува, започнати се работите за поставување на привремени бариери на североисточната и југоисточната граница на Естонија кон Русија.

На 17 ноември, естонската влада одлучи да покани 1.684 воени резервисти на итни вежби за изградба на привремени бариери долж границите.

Слични содржини