Етереум руши РЕКОРДИ, ќе стигне 10.000 долари до крај на годинава?

од Vladimir Zorba

Најпопуларната криптовалута, биткоин, утрово забележа пад од 2 проценти, откако околу 7 часот се тргуваше со дигиталната монета по цена од 56.785 долари, покажуваат податоците на сајтот „Коиндеск“.

Втората најпопуларна криптовалута – етереум, продолжува да ги руши сопствените рекорди. Во последните 24 часа, дигиталната паричка достигна цена од 2.955,88 долари. Во моментов со неа се тргува за 2.894 долари, што е раст од нешто повеќе од 1,5 проценти вопоследниве 24 часа.

Пред неколку дена, американската банка „Џеј ПиМорган“ објави интересна белешка за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто втората најпопуларна криптовалута – етереум, во последните неколку недели се снаоѓа на пазарот подобро од биткоинот. Постојат две причини за ова: подобрувања во ликвидноста и поголем сообраќај на јавната блокчејн мрежа.

Затоа, некои аналитичари предвидуваат дека етериумот може да достигне цена од 10 000 долари до крајот на 2021 година.

Слични содржини