Употребата на етерични масла за време на бременоста се препорачува. Некои од нив можат да помогнат за намалување на болките во зглобовите, со утринското гадење, при отечени зглобови, за потхранување на кожата. Етеричните масла исто така може да ви помогнат да се чувствувате смирени, избалансирани, концентрирани и енергични.0bc692e373a475da0bbed7bea8745096

Кои масла и за што да се користат во текот на деветте месеци?

Масло од портокал: Тоа етерично масло ќе ви помогне да ги зголемите вашите позитивни емоции и ќе ги намали тензиите.

Масло од лаванда: Придобивките од ова масло се по 12-тата гестациска недела, за смирување, балансирање, спречување задржувањето на вишокот течности.

Иланг-иланг: Ова масло со пријатен мирис делува како афродизијак , но исто така го намалува крвниот притисок и стресот.

Масло од еукалиптус: Одлична одлука за време на настинки, бидејќи има антиинфламаторно, антисептичко и антивирусно дејство и ќе го олесни отежнатото дишење.

Масло од сандаловина: Ова масло делува со природно смирување и како антидепресив. Исто така, ќе ви обезбеди и мирен и исполнет сон.

Масло од здравец: Одлично е за зголемување на енергетските нивоа и подобрување на циркулацијата. Користете масло од здравец по третиот месец од доаѓањето на бременоста. Тоа, исто така ќе ја намали болката и отоците во нозете .

Маслата се нанесуваат на кожата со лесни масажни движења, се додаваат кон лосионот за тело, ванила или крем за соба.

Кои масла е подобро да ги избегнувате за време на бременоста?

  • Масло од горчлив бадем
  • Масло од црн пипер
  • Масло од цимет
  • Масло од рузмарин
  • Масло од коприва
  • Масло од каранфилче
  • Масло од анасон
  • Масло од камилица и други.

Слични содржини