ЕУ ја разгледува можноста за ограничување на цената на рускиот дизел на 100 долари за барел

од Vladimir Zorba

Европската унија размислува да ја ограничи цената на рускиот дизел гориво на 100 долари за барел, објави денеска американската агенција Блумберг.

Во исто време, според агенцијата, при купување на нафтени деривати со попуст, лимитот ќе биде 45 долари за барел, пренесe ТАСС.

Според извори на агенцијата, тие бројки не се конечни и може да се променат за време на помирувањето. Дискусиите за ова ќе започнат утре и може да траат неколку дена.

Членките на Групата 7, Европската унија и Австралија, од 5 декември минатата година воведоа горна граница за цената на руската нафта што се испорачува на танкери од 60 долари за барел за нивните бродови и територии, а на 5 февруари стапува на сила и ценовната граница за нафтените деривати.

Слични содржини