ЕУ бара итно да се стопира уривањето на палестинските домови

од Vladimir Zorba

Европската Унија ги повика израелските власти итно да го стопираат уривањето на палестинските домови кое започна изутринава во источен Ерусалим и потсетува дека политиката на населување на Израел е нелегална.

– Политиката на населување на Израел е нелегална според меѓународното право, согласно долгогодишната позиција на ЕУ очекуваме израелските власти веднаш да ги стопираат уривањата кои се во тек, стои во реакцијата на ЕУ.

Израелските власти утрово со булдожери урнаа десет палестински згради во кои се наоѓаат околу седумдесет станови во источен Ерусалим, односно во Зоните А и Б од Западниот Брег кои се под контрола на палестинските власти.

– Продолжувањето на оваа политика ја поткопува одржливоста на решението со две држави и перспективата за траен мир и сериозно ја става во опасност можноста Ерусалим да биде идна престолнина на две држави, стои во реакцијата на ЕУ.

Слични содржини