ЕУ до Србија: Ќе ви го укинеме безвизниот режим ако и понатаму им давате пасоши на Русите

од desk4

Минатата година дури 70 проценти се зголемил бројот на  српски пасоши издадени на руски државјани, пишува швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЗЗ). Весникот објавува дека од руската инвазија на Украина во Србија влегле околу 200.000 руски државјани, но дека сепак не се знае точно колку од нив се населиле трајно. За влез на Русите во Србија не им треба виза, а оние кои имаат работа или се самовработени веќе без проблем добиваат дозвола за престој.

Од друга страна, „Русите кои немаат таква дозвола можат да патуваат  секој месец во БиХ, која исто така не бара виза за Русите“.

Вакви екскурзии нудат транспортните компании, пишува Дојче веле.

Според пишувањето на „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЗЗ), сепак официјалните бројки  на Руси кои добиле српски пасоши се многу  скромни, околу триесет лица. Од нив најголем број се бизнисмени и спортисти.

Слични содржини