ЕУ ги осудува заканите на Медведев кон Меѓународниот кривичен суд

од Vladimir Zorba

Европската унија ја осудува незаконската закана на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, да употреби сила против Меѓународниот кривичен суд (МКС) и неговата земја домаќин, Холандија, соопшти денеска Службата за надворешни работи на ЕУ.

Таа, исто така, „ја жали за мерките објавени од Русија против обвинителот на МКС и судиите вклучени во издавањето налози за апсење на руски претставници“, се вели во соопштението на ЕУ.

Се додава дека ЕУ целосно ја поддржува работата на МКС, како и дека секоја мерка на одмазда кон инволвираните во работата на МКС е неприфатлива.

Слични содржини