ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од списокот на безбедни земји, ревизија за две недели

од Stefanija Kuzmanovska

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ја тргнаа Србија од списокот на земји за кои досега важеше препораката за можност за патување преку надворешните граници на Шенген, на најмалку две недели, јавува дописникот на „Танјуг“ од Брисел.

Србија, заедно со Црна Гора, беше отстранета од списокот на Советот на ЕУ, заради влошената епидемиолошка состојба во земјата.

Се додава дека за можноста за отворање на надворешните граници на ЕУ за граѓаните на Србија повторно ќе се разговара за две недели.

Граѓаните од третите земји, вклучувајќи ја сега и Србија, кои не се на списокот, не се блокирани автоматски за патување во ЕУ.

За секој што има државјанство на ЕУ или дозвола за престој, членови на нивните семејства и оние кои имаат валидна причина да патуваат, сепак ќе им биде дозволено да патуваат во Шенген.

Слични содржини