ЕУ ги поддржува напорите за формирање независна држава Палестина

од Milan1

Раководството на Европската унија потврди дека ги поддржува напорите за формирање независна држава Палестина и дека и натаму е посветена на надминување на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на решение за формирање две држави.

Палестинскиот премиер Мохамед Шајех во Брисел одделно се состана со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел.

„За време на разговорите се фокусиравме на напорите за формирање палестинска држава и за регионални теми. Ја потврдив определеноста на Европската унија за решение на база на воспоставување две држави”, напиша Мишел на социјалните мрежи по средбата со Шајех, пренесе Анадолија.

Кабинетот на Борел соопшти дека шефот на европската дипломатија посочил дека ЕУ продолжува да го поддржува палестинскиот народ и формирањето на државата Палестина.

 

Слични содржини