ЕУ ги повика земјите-членки да обезбедат повеќе муниција за Украина од нивните резерви

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија денеска ги повика земјите-членки да обезбедат повеќе муниција за Украина од нивните резерви, како и од сите нарачки за оружје што може да ги добијат, за да помогнат во поразот на руските сили во Украина.

Според некои проценки, Украина истрелува до 6.000-7.000 артилериски гранати дневно, приближно колку што нарачува мала европска земја во мирнодопска година, но тоа е само околу една третина од бројот што Русија го користеше во првата година од војната, пренесува АП.

„Мораме итно да дејствуваме, она што е наша обврска се мери во недели, а не во месеци“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Слични содржини