ЕУ ги продолжи санкциите за Лукашенко

од Vladimir Zorba

Европската унија ги продолжи санкциите против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко за уште една година.

Покрај Лукашенко, санкциите се продолжени и за десетици други официјални лица.

Мерките на ЕУ се поврзани со обвинувања за кражба на гласови на претседателските избори во Белорусија во август минатата година, на кои Лукашенко беше избран за шести мандат за претседател.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување на 88 лица, вклучително и Лукашенко, неговиот син, други политичари, работници од безбедносниот сектор и бизнисмени.

Ограничувањата им забрануваат на граѓаните и компаниите на ЕУ да обезбедуваат средства на санкционирани лица на кој било начин, објави АП.

Рестриктивните мерки ќе останат на сила најдоцна до февруари 2022 година.

Слични содржини