ЕУ ги прогласи скакулците како храна за луѓето

од Nikola Popovski

Скакулците денес беа вклучени во европската листа на храна како дел од напорите на ЕУ за одржливо производство и исхрана.

Ова е втор пат Брисел да одлучи дека инсектите се безбедни за консумирање, откако во јуни одобри ларви од сушено брашно.

Наскоро би можел да биде додаден и трет инсект, како што е штурецот.

Европската комисија објави дека скакулците ќе бидат означени како закуска или состојка на храна во дехидрирана или замрзната форма откако ќе им се отстранат крилјата и нозете или како прав.

Европската управа за безбедност на храна наведува дека скакулецот „locusta migratoria“ е богат со протеини и безопасен, иако може да предизвика реакции кај луѓе алергични на школки и мекотели.

Организацијата за производство на храна посочува дека инсектите се многу хранлив и здрав извор на храна богат со протеини, витамини, влакна и минерали.

Инсектите, кои секојдневно ги јадат милиони луѓе ширум светот, се наведени во новата стратегија на ЕУ како алтернативен извор на протеини кои би можеле да ја забрзаат промената кон поодржливо производство на храна.

Европската директива од 1977 година веќе ги одобри алгите, новите растителни протеини и одредена храна од други земји. Поднесени се барања за уште девет видови инсекти.

Слични содржини