ЕУ ги забранува цигарите со ментол

од Vladimir Zorba

Забраната за цигари со ментол стапи на сила во средата во Европската унија, во понатамошен обид да ги обесхрабри младите луѓе да започнат да пушат.

Забраната за цигари со ароматизација и производи од тутун стапи во сила во 2016 година, но производите со пазарен удел од над 3 проценти – како цигари со вкус на ментол – до денес беа исклучок.

Регулативата е дел од Директивата на ЕУ за тутун, која беше донесена во 2014 година по напорни преговори, притисоци од индустријата и правни предизвици.

Директивата исто така бараше цигарите и производите од тутун да содржат уште појасни здравствени предупредувања и да покриваат 65 проценти од предната и задната страна од кутијата. Земјите-членки може да имаат и „голи“ пакувања.

Правилата треба да ја намалат стапката на пушење кај младите. Европската комисија соопшти дека пушењето е најголемата причина за предвремена смрт во ЕУ.

Во ЕУ, според комисијата, 26% од вкупното население и 29 проценти од младите Европејци на возраст меѓу 15-24 години

Слични содржини