Парламентарното гласање во Грција ги задоволува првичните услови на спасувачкиот договор меѓу Атина и европските кредитори. Тоа го изјави Аника Брејдхарт, портпарол на Европската унија, цитирана од АФП.

eu33

“Властите легално го применија првиот дел од четирите мерки договорени на самитот на лидерите и тоа на задоволителен начин”, рече таа пред новинарите.

Минатата вечер парламентот во Атина го поддржа донесувањето на голем број реформи – услов за започнување на преговорите за нова спасувачка програма за Грција во вредност од 86 милијарди евра.

“Грчкиот парламент презеде важен чекор кон враќање на довербата со грчките меѓународни партнери”, рече уште Брејдхарт.

Претходно во текот на денот европски извори, цитирани од агенција ТАСС, соопштија дека Еврогрупата постигна договор за финансирање на Грција во износ од 7 милијарди евра.

“Принципиелен договор за доделување на Грција на времено краткорочно финансирање во износ од 7 милијарди евра беше постигнат”, објави изворот.

Одлуката за директен трансфер на пари за Грција ќе следи дури по завршувањето на парламентарните процедури за одобрување на помошта за Атина во голем број европски земји, главно во Германија.

Слични содржини