Зделката меѓу Русија и Унгарија за изградба на два енергетски блок на нуклеарната централа “Пакш” е блокирана со одлука на Европската унија,  пишува весникот The Financial Times.

20150313.krhragfxpy

Вредноста на договорот е 12 милијарди долари.Унгарската влада “категорично ја негира” информацијата дека Бриселго  замрзнува планираното проширување на унгарската нуклеарна централа “Пакс” пренесе АФП. “Не е точно дека Европската унија ја  блокирал изградбата на Пакс II”, изјави портпаролот на Владата, кој појасни дека ќе инсистира редакцијата на весникот да направи корекција. Во 2014 година Русија и Унгарија се согласија за заедничка изградба на петти и шести нуклеарен реактор со моќност од 1200 мегавати за нуклеарката  во градот Пакш. Беа потпишани соодветните документи, вклучувајќи и за испорака на нуклеарно гориво за нуклеарката само од Русија, но по т оа договорот предизвика сомневање кај ЕУ, бидејќи некои детали на договорот останаа скриени. Европската заедница за атомска енергија се изјасни против ексклузивните испораки на руско гориво на унгарската страна. Во ЕУ сметаа дека ова ја прави Унгарија зависна од Русија и може да доведе до откажување на Будимпешта од страна на поддршка за антируските санкции. Како резултат на тоа  Европската комисија одобри забрана, наметната од Евроатом.

Слични содржини