ЕУ го истражува Епл поради повредата на заштитата на конкуренцијата

од Nikola Popovski

Регулаторите на Европската Унија го испитуваат технолошкиот гигант од минатото лето, откако Спотифа поднесе жалба поради наводна злоупотреба на удел на пазарот.

Европската унија ќе поднесе обвиненија против Епл оваа недела, изјавија извори од Унијата за ДВ.

Официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, го потврдија претходниот извештај на „Фајненшл тајмс“, дека Европската комисија ќе донесе пресуда против компанијата со седиште во Калифорнија.

Новинската агенција АФП објави дека обвинението ќе биде финализирано „наскоро“.

Извршниот директор на ЕУ, Ерик Мамер, одби да ги коментира наводите и плановите на унијата.

Музичката апликација Спотифај претходно поднесе жалба против Епл за провизија, додека американската компанија негираше какво било незаконско дејствие.

Истрагата започна во јуни и се фокусираше на тоа дали Епл ја злоупотреби својата доминантна позиција на пазарот и зел 30% провизија за дистрибуција на апликацијата Спотифај на својата платформа „Аpp Store“.

Овој случај може да ја принуди компанијата да го смени својот профитабилен бизнис модел, бидејќи претставници на ЕК исто така покажаа интерес за даночните аранжмани на Епл.

Европското седиште на компанијата е во Ирска, која има пониска стапка на данок на доход од 12,5 проценти. На технолошкиот гигант претходно му беше наредено да врати 13 милијарди евра во случајот против ирската влада.

Слични содржини