ЕУ го казни Амазон со речиси 900 милиони долари

од Nikola Popovski

Европската унија го казни Амазон со 886,6 милиони долари (746 милиони евра) за обработка на лични податоци, што ја прекрши Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци (GDPR), пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Луксембуршката национална комисија за заштита на податоци (CNPD) изрече казна за Амазон Европа со одлука на 16 јули, соопшти гигантот за е-продажба во поднесокот до регулаторите.

„Веруваме дека одлуката на CNPD е неоснована и имаме намера енергично да се браниме по ова прашање“, се вели во иницијативата.

Прашање за согласност

GDPR бара компаниите од Амазон да бараат согласност од луѓето пред да ги користат нивните лични податоци или да се соочат со големи казни.

Американскиот Волстрит Журнал објави во јуни, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, дека компанијата може да биде казнета со повеќе од 425 милиони долари според законот за приватност на Европската унија, потсетуваат агенциите.

Слични содржини