ЕУ го укинува гирото?! Хорор во Грција

од desk2

Грците со неверување ја дочекаа веста дека Европската унија поради безбедност ќе забрани кебап и гиро, а со хаштаг #Free_Giros љубителите на оваа храна се борат на Твитер.

„Дозволија конзерванси секаде, ги бомбардираат малите деца, но им смета гирото?“

„Ќе почнеме значи гиро да јадеме кришум и нелегално во подруми и скриени локали? НИ го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме?“

Кебапот и гирото во Грција се под контрола на Европскиот парламент, каде се наоѓаат и пратениците од Европската комисија за фосфати во брзата храна ширум Европа. Сега гирото и кебапот се под голем ризик да бидат забранети во Грција што претставува хорор за Грците, а не само за нив, туку и за сите што ја сакаат оваа храна.

Европскиот парламент покрена забелешки на предлог на ЕК да дозволи користење фосфати, како и фосфорна киселина, ди и три фосфати и полифосфати во месото од гирото и кебапот.

До овој потег дојде по загриженоста од прегледот во 2012 година за можна врска меѓу фосфатите кои се користат како адитиви за храна и болести на срцето, но доказите засега се неусогласени.

Правилата на ЕУ забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовката на месото, во кој се користат за заштита на вкусот и спречуваат сушење на месото, но постојат и одредени исклучоци.

Гирото и кебапот во Европа сега ќе мора да почекаат на гласањето, кој ќе се одржи меѓу 11 и 14 декември во Стразбур, за да дознаат дали омилена храна ќе може и понатаму да се служи во исти сендвичи и текстура како до сега во Грција, пренесе порталот Грција инфо.

Слични содржини