ЕУ и Гејтс инвестираат една милијарда долари во климатските цели на Унијата

од Nikola Popovski

Европската унија (ЕУ) и американскиот милијардер Бил Гејтс, планираат да соберат до милијарда долари преку заеднички инвестициски фонд за воведување на нискојаглеродни технологии, што ` се потребни на Унијата во остварувањето на своите цели поврзани со климатските промени.

„Овие средства ќе бидат насочени кон производство на водород од обновливи извори на енергија, одржливи горива во авијацијата, технологии за отстранување на СО2 од атмосферата и долгорочно складирање на енергија“, објави денеска Европската комисија, пренесува Ројтерс.

Гејтс во изјавата рече дека декарбонизацијата на глобалната економија е најголемата можност за иновации што светот ги видел и дека очекува Европа да има клучна улога во процесот, благодарение на климатските амбиции и лидерството во науката и технологијата.

ЕУ е посветена на вкупно нулта емисија на штетни гасови до 2050 година, а овие инвестиции ќе се фокусираат и на градење големи комерцијални проекти за намалување на трошоците за воведување нови технологии.

Тие ќе вклучуваат грантови и други финансиски инструменти, со придонесите на ЕУ кои доаѓаат од постојните средства, вклучувајќи го буџетот на Унијата и Фондот за иновации на ЕУ, а компанијата на Гејтс, Breakthrough Energy Ventures, ќе ја поддржи истата сума за покривање на фондот. од 2022 до 2026 година заеднички обезбедиле до 820 милиони евра или една милијарда долари.

Слични содржини