ЕУ испраќа 200 здравствени работници во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Србија, Делегацијата на ЕУ во Србија и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) денеска ќе потпишат договор за ангажирање на околу 200 здравствени работници кои ќе помогнат во борбата против епидемијата на Ковид-19 во наредниот период, соопшти Министерството за европски интеграции.

Како што се наведува, ангажирањето на здравствените работници ќе биде овозможено со средства на Европската унија.

Договорот ќе биде потпишан во 12 часот од министерот за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, шефот на канцеларијата на ЕУ во Белград Сем Фабризи и шефицата на Канцеларијата на ОН за проектни услуги Микела Телатин, а настанот ќе може да се следи преку видео-врска.

Слични содржини