ЕУ ја тужи Британија за Брегзит

од Vladimir Zorba

Минатата недела, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја предупреди Велика Британија поради заканата дека официјален Лондон ќе повлече делови од договорот за напуштање на Европската унија, кој беше потпишан во јануари. Сега последиците стануваат реалност.

Според „Дојче веле“, Европската унија е на прагот да покрене правна постапка против Велика Британија за кршење на одредени делови од Договорот за повлекување. Нацртот на официјалната жалба е финализиран, што значи дека постапката скоро сигурно ќе биде покрената.

Владата на Велика Британија минатиот месец призна дека измените и дополнувањата на договорот што го бара ќе бидат кршење на меѓународното право и спорниот дел од договорот за регулирање на трговијата меѓу Ирска и Велика Британија.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го изјави истото за покренување на постапката на прес-конференцијата.

Слични содржини