ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија до 31 јануари 2021 година

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија ги продолжи економските санкции против Русија поради ситуацијата во Украина до 31 јануари 2021 година, објави денеска Европскиот совет.


„Денес Советот донесе одлука да ги обнови санкциите што се наменети за одредени економски сектори на Руската Федерација за дополнителни шест месеци, до 31 јануари 2021 година“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Лидерите на ЕУ донесоа политичка одлука да ги продолжат санкциите на самитот одржан на 17-ти и 18-ти јуни во формат на видео конференција, по кратка дискусија и формален заклучок дека договорите од Минск остануваат неисполнети.

Слични содржини