Почетна / Актуелно / ЕУ ќе и даде на Албанија 14,5 милони евра за пописот во 2020 година

ЕУ ќе и даде на Албанија 14,5 милони евра за пописот во 2020 година

Европската унија ќе и додели на Албанија 14,5 милиони евра за спроведување на пописот на населението и домаќинствата во 2020 година. Веста ја објави амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, додавајќи дека пописот е обврска на Албанија за прближување кон ЕУ.

-Пописот е основа на Албанија за ЕУ. Ефикасната политика за европска интеграција се заснова на овие податоци кои мора да бидат целосни. Затоа ЕУ презема континуирани чекори директно да се собираат и споредуваат податоците, кои мора да бидат целосни и веродостојни. Европската комисија оцени дека пописот во 2011 година не успеа да ги обезбеди правата на граѓаните да се изјаснат за нивното етничко потекло и верските убедувања, рече Сореца.

Оваа значајна статистичка операција Институтот за статистика ќе ја спроведе во октомври и ноември 2020 година, во која ќе бидат ангажаран 8.500 попишувачи.

По првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат, по своја волја, етничката и верската припадност.

Според пописот спроведен во октомври 2011година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.

Пописот го бојкотираа припадниците на малцинствата, но попишувачите ги попишуваа врз основа на податоците од матичните служби на населеното место.

loading...