ЕУ мобилизира палет од над 410 милиони евра за Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

ЕУ мобилизира пакет вреден повеќе од 410 милиони евра прераспределена билатерална финансиска помош за поддршка на Западен Балкан за време на пандемијата од коронавирус, соопшти Европската комисија.

Од вкупната сума, 38 милиони евра се наменети за најитни потреби – набавка на медицинска и безбедносна опрема, а остатокот е краткорочна помош за поддршка на социо-економскиот развој во регионот.

Европската комисија исто така ќе обезбеди непречен проток на основни производи со проширување на „зелените коридори“ во регионот.

За итните потреби на здравствениот сектор на Србија од ЕУ следат 15 милиони евра, седум милиони за БиХ, Косово ќе добие пет милиони, Албанија и Северна Македонија по четири милиони и Црна Гора три милиони.

78,4 милиони евра се наменети за поддршка на социо-економскиот развој, 73,5 милиони за БиХ, Косово – 63 милиони, Северна Македонија – 62 милиони, Црна Гора – 50 милиони и Албанија 4- 6,7 милиони, објави денеска ЕУ инфо-центарот.

Се наведуваат и примери за тоа што ЕУ веќе направи за земјите од регионот во пресрет на кризата со КОВИД-19, вклучително и финансирање на два карго-авиони што донесоа 130 тони медицинска опрема во Србија, дистрибуција на 600 пакети за помош за ромски и египетски семејства во Црна Гора, кампањи да се подигне јавната свест во епидемија.

Нови мерки за поддршка на ЕУ за Западен Балкан се очекуваат во наредните денови, соопшти ЕК.

Слични содржини