ЕУ наметна санкции на Иран за кршење на човековите права

од Vladimir Zorba

Европската унија воведе санкции за осум команданти на иранската милиција, началници на полицијата и три затвори поради насилното дејствување на иранските власти против демонстрантите во ноември 2019 година, наведува Европската унија во својот службен весник.

Ова е првпат од 2013 година ЕУ да воведе забрана за патување и замрзнување на имотот на Иран поради кршење на човековите права, објави Ројтерс.

Лицата опфатени со санкциите се припадници на иранската милиција Басиџ, која е под команда на Револуционерната гарда – најмоќната, добро вооружена безбедносна сила во Исламската Република.

Еден од највисоките ирански функционери на мета на санкции е шефот на елитната Револуционерна гарда, Хосеин Салами.

Европската унија воведе санкции и за Голамрез Сулејмани, началник на полицијата Басиџ.

Ројтерс објави на 31 март дека амбасадорите на ЕУ се согласиле за санкциите, кои сега стапија на сила.

Иран ги отфрла обвинувањата од Западот дека ги крши човековите права.

Слични содржини