ЕУ не планира санкции и не ги коментира одлуките на САД за Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Европската унија (ЕУ) не смета дека треба да ги коментира последните одлуки на американската влада за Западен Балкан, а членките на ЕУ не размислуваат за санкции против партнерите во регионот, рече портпаролот на Европската комисија, Питер Стано во Брисел.

Тој истакна дека „не е ЕУ таа што треба да ги коментира потезите на американската администрација, ЕУ има своја политика кон Западен Балкан, што покажува дека една од клучните точки на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ беше ангажманот на ЕУ и соработка со партнерите на Западен Балкан “.

Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, одговараше на новинарски прашања за тоа како ЕУ гледа на одлуката на американската влада да ги казни оние од Западен Балкан што ја загрозуваат стабилноста на регионот и дали Унијата има намера да користи слични потези за подобрување на регионот.

Официјалниот претставник на ЕК посочи дека е многу силен фактот дека високиот претставник на ЕУ, Борел, ја обнови традицијата на неформални средби со лидерите од Западен Балкан и разгледување на ситуацијата таму и, според тоа, „нашиот ангажман со таа област е многу силен“.

„А некои размислувања за санкции не се на дневен ред на ЕУ и секоја одлука за режимот на санкции бара едногласност на земјите-членки на Унијата“, заклучи Стано.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во вторникот потпиша указ за проширување на опсегот на вонредни мерки во регионот на Западен Балкан, прокламирани со одлуката од 2001 година, како и критериуми за воведување на санкции на САД за решавање на предизвици, како што се корупција и други потези, со кои ги попречуваат клучните институции и меѓународните договори, соопштија од Белата куќа.

Слични содржини