ЕУ нема да се огледа на Бајден: Проширување на вонредните мерки на ЗБ не ни е во план

од Stefanija Kuzmanovska

По изјавата на Бајден за проширување на вонредните мерки на Западен Балкан, ЕУ се изјасни и потврди дека нема да го следи во санкциите.

Во врска со декретот на американскиот претседател Џозеф Бајден за проширување на вонредните мерки на Западен Балкан, Брисел вели дека ЕУ има свои обврски кон партнерите во регионот и дека санкциите не се дел од тековната европска политика на Западен Балкан.

„Нашиот ангажман во регионот е многу силен. Разговорите за потенцијалните санкции не се на дневен ред. Секоја одлука за ова мора да биде донесена едногласно од сите земји-членки. Во овој момент за тоа не се разговара кога станува збор за партнерите на Западен Балкан“, вели портпаролот на ЕУ Питер Стано.

Запрашан од медиумите во Брисел да го коментира потпишувањето на указот од Бајден за продолжување на санкциите на САД кон поединци и организации од Западен Балкан со цел „да се обезбеди стабилност и безбедност во регионот“, Стано рече дека ЕУ не ги коментира одлуките на американската администрација и има своја политика кога станува збор за партнерите на Западен Балкан.

Тој потсетува дека посветеноста кон регионот е една од основните точки на агендата на ЕУ, како и дека редовно се водат разговори со лидерите на Западен Балкан за проблемите во регионот, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини