ЕУ: Објавата на Газпром за намалување на испораката на гас „политички мотивирана“

од Stefanija Kuzmanovska

Објавата на рускиот гасен гигант „Газпром“ дека дополнително ќе ја намали испораката на гас во Европа оваа недела е политички мотивирана, изјави челницата на енергетската политика на Европската унија, Кадри Симсон, оспорувајќи го тврдењето на компанијата дека морала да го прекине снабдувањето бидејќи има потреба да се запре работата на турбината.

– Знаеме дека нема технички причини за тоа. Тоа е политички мотивирана мерка и мора да бидеме подготвени за тоа. Токму поради оваа причина, превентивното намалување на нашата побарувачка за гас е мудра стратегија – рече Симсон по пристигнувањето на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ во Брисел.

Таа нагласи дека очекува министрите да постигнат договор за вонредните правила на ЕУ со кои земјите ќе бараат да ја намалат побарувачката за гас, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини