ЕУ: Од следната година црна кутија во автомобилите

од Nikola Popovski

Од следната година, црната кутија ќе биде задолжителна во сите нови автомобили во ЕУ, а од 2024 година, сите возила регистрирани за првпат ќе ја имаат.

Црната кутија е уред што треба да открие до најмалите детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.

Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во вештачењето, објави хрватскиот портал „Индекс“.

„За да добиете информации за брзината на возилото пет секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали тој закочил, дали имал манипулации со воланот и во колкав процент, колкав е бројот на вртежи на возилото итн“, објасни за ХРТ Жеjко Шариќ од Лабораторијата за сообраќајно-техничко вештачење на Факултетот за наука во сообраќајот.

Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, односно некои нови возила веќе ја имаат.

Обично се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња.

Слични содржини