ЕУ одобри 3,2 милијарди евра помош на 7 земји за истражување и иновации во производството на батерии

од Vladimir Zorba

Европската комисија одобри 3,2 милијарди евра државна помош на седум земји-членки на ЕУ за истражување и иновации во производството на батерии, објави „Ројтерс“.

Одобрени се проекти за Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Полска и Шведска за поддршка на истражувањето и иновациите во заедничката европска приоритетна област за развој и производство на батерии.

Ќе се додели државно финансирање од 3,2 милијарди евра и дополнителни 5 милијарди евра приватна. Целокупниот проект е предвидено да заврши до 2031 година.

Производството на батерии во Европа е стратешки интерес за нашата економија и општество затоа што има потенцијал за чиста мобилност и енергија, ќе помогне да се создадат работни места, одржливост и конкурентност, рече потпретседателот на Европската комисија Маргарет Вестагер, одговорна за конкуренцијата во Унијата.

Слични содржини