ЕУ одобрува дополнителна половина милијарда евра помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Во понеделник во Луксембург ќе се сретнат министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, а на дневен ред ќе биде одобрување на нов пакет воена помош за Украина, пренесува агенцијата „Хина“.

Станува збор за сума од 500 милиони евра, со што вкупниот износ на средства потрошени за воена помош за Украинците ќе се зголеми на 3,1 милијарди евра од февруари, кога започна руската инвазија.

Министрите ќе треба официјално да ја одобрат иницијативата, веќе поддржана од амбасадорите на ЕУ, за испраќање воена мисија за обука на украинските војници.

Шефот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, неодамна побара повеќе средства за испорака на оружје и друга воена опрема на Украинците.

Слични содржини