ЕУ остро го осуди убиството на познат камерунски новинар

од Radmila Tasevska

Истакнатиот камерунски новинар Мартинез Зого беше пронајден мртов откако беше киднапиран во близина на главниот град Јаунде, а неговото убиство денес најостро го осуди Европската унија.

Неговото осакатено тело било пронајдено во близина на Јаунде пет дена откако бил киднапиран од неидентификувани напаѓачи, соопшти синдикатот на новинарите и негов колега.

Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) денес соопшти дека ЕУ најостро го осудува убиството на познатиот камерунски радиоводител Мартинез Зог.

Слични содржини