ЕУ помага со 4 милијарди долари во борбата против климатските промени

од Vladimir Zorba

Европската унија денеска вети поголема финансиска помош за посиромашните земји во борбата против климатските промени и ги повика и САД да помогнат, пренесе Ројтерс.

„Ќе предложиме дополнителни четири милијарди евра за финансирање на борбата против климатските промени до 2027 година“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен пред европратениците во Стразбур.

Таа додаде дека очекува и САД и „партнерите“ да помогнат.

„Ова е од суштинско значење, бидејќи ако ја затвориме финансиската конструкција сите заедно, односно САД и ЕУ, тоа ќе биде силен сигнал за светското раководство кое се бори против климатските промени“, рече таа.

Дополнителни четири милијарди евра го покриваат периодот помеѓу 2021 и 2027 година.

За оваа цел ќе се користат пари од буџетот на ЕУ, додаде портпаролот на Европската комисија.

Европската унија веќе годишно учествува со 25 милијарди долари, рече фон дер Лејен.

Прашањето за борба против климата ќе биде клучно на самитот на Обединетите нации, COP26, во ноември, каде светските лидери ќе се обидат да се договорат за начините за што побрзо намалување на штетните гасови и на тој начин да избегнат катастрофални климатски промени, додаде британската новинска агенција.

Слични содржини