ЕУ: Претстои тешка сезона на грип

од Nikola Popovski

Постарите луѓе во Европа би можеле да се соочат со тешка сезона на грип, која, кога ќе се додаде на тековната пандемија на коронавирусот и има потенцијал да ги оптоварува здравствените системи на ЕУ, предупредува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Европската агенција објави дека циркулацијата на грипот во Хрватска веќе го надминала сезонскиот праг, што е „невообичаено рано“, пренесува порталот „Политико“.

Во меѓувреме, сојот на грип кој најмногу циркулира оваа година, А (H3N2), повеќе ги погодува постарите луѓе и е поврзан со намалената ефикасност на вакцината против грип.

Раното откривање на овој подтип е „индикација дека претстојната сезона на грип може да биде тешка“, рече шефот на програмата за грип на ЕЦЕД, Паси Пентинен.

„Наглиот пораст на инфекциите со грип за време на тековната пандемија на Ковид-19 може да има сериозни последици за постарите лица и може дополнително да ги оптоварува здравствените системи веќе оптоварени со Ковид-19“, додаде Пентинен.

ЕЦДЦ забележа дека ограничувањата поврзани со пандемијата за време на минатогодишната сезона на грип речиси го елиминираа ширењето на болеста во блокот, што укажува на тоа дека мерките како што се маските и дистанцирањето биле ефективни против грипот.

Во меѓувреме, вакцинацијата против коронавирус и грип обезбедува заштита од сериозни болести, рече Пентинен, додавајќи дека ова е особено важно за оние кои работат во здравствени и старечки домови.

Слични содржини