ЕУ резервирала 300 милиони вакцини, но не од руската

од Vladimir Zorba

Европската комисија објави дека постигнала договор со фармацевтската компанија AstraZeneca да купи 300 милиони дози на вакцината, која сè уште е во развој, со опција да купи уште 100 милиони дози.

ЕУ ќе донира дози на членовите со понизок или среден национален приход или ќе ги пренасочи во другите европски земји. Разговори се водеа и со „Санофи-ГСК“ на 31. јули, како и со „Џонсон и Џонсон“ на 13 август.

„Откако вакцината ќе биде потврдена како безбедна и ефикасна против Ковид-19, Комисијата ќе купи 300 милиони дози вакцина „AstraZeneca“, а уште 100 милиони во име на земјите-членки на ЕУ. Комисијата преговара и со други производители“, беше објавено од Брисел.

Урсула фон дер Лејен, претседател на ЕК, рече дека тие се обидуваат да постигнат конкретни резултати и дека ова е само првиот чекор во спроведувањето на стратегијата за вакцинирање на ЕУ, така што тие ќе бидат обезбедени за сите Европејци и партнери на ЕУ во светот.

„По неколку недели преговори, го имаме првиот договор за набавка на вакцини со производителот. Ви благодарам AstraZeneca за конструктивните преговори. Ќе работиме неуморно за да донесеме повеќе кандидати во портфолиото на ЕУ за вакцини“, рече Стела Кирикиадес, комесар на ЕУ за здравство и безбедност на храната.

Вакцината AstraZeneca е веќе во фаза 2 на клиничко испитување кај голем број пациенти, по успешно поминување на првата фаза, во која се тестира безбедноста. Станува збор за рекомбинантна вакцина базирана на аденовирус ChAdOx1, која доколку ги помине сите фази, би можела брзо да влезе во масовно производство и да ја снабдува целата ЕУ.

Слични содржини