ЕУ: Русија неоправдано се заканува со прекин на дипломатските односи со Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska

Заканата на Русија за прекин на дипломатските односи со Бугарија, како одговор на нејзината одлука да протера 70 руски дипломати, е неоправдана, се вели во денешното соопштение на Европската унија (ЕУ).

„Европската унија дава целосна поддршка и е солидарна со Бугарија во овие околности и внимателно ќе следи се што е поврзано со ова прашање“, се вели во соопштението на ЕУ, во кое се додава дека акцијата на Бугарија е целосно во согласност со меѓународното право, бидејќи амбасадите на руските дипломати ги прекршуваат меѓународните договори, пренесува „Ројтерс“.

Европската унија истакна дека ќе ѝ пружи целосна поддршка и солидарност на Бугарија.

Слични содржини