ЕУ со „излезна стратегија“ кон средината на април?

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот премиер Џзепе Конте беше подготвен да ја исклучи камерата. Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ вчера преку Интернет врска зборуваа за пари, а  тие никогаш не се лесни разговори, дури и во време на пандемија.

Повеќето учесници сметаа дека парите од постојниот европски механизам за стабилизација (ЕСМ), воспоставен за време на кризата со еврото, се доволни за да им помогнат на земјите во потреба заради коронавирусот. Конте, премиерот на земјата која има најголем број жртви од новиот вируст, тоа одлучно го одбиваше.

Тој рече дека ЕСМ е стар механизам со волумен од 410 милијарди евра, создаден за сосема друга криза.

„Ако ни го понудите, тогаш ние подобро да правиме сè сами“, наводно се заканил Конте за време на видео конференцијата, јави италијанската агенција АНСА.

По неколку часови преговори, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, „извлече“ компромис – во текот на следните две недели, министрите за финансии треба да предложат финансиски инструмент за да им помогнат на земјите како што се Италија или Шпанија. Конте се согласи, иако првично бараше сè да се случи во рок од десет дена.

Нема да има продажба на еврообврзница

Канцеларката Ангела Меркел подоцна рече дека, под инсистирање на Конте, кризата се приближувала како невообичаен настан за кој се потребни необични мерки. Таа е уверена дека следната видео конференција ќе се одржи за две недели.

Премиерот на Холандија, Марк Руте нарече се купување на време, бидејќи нема договор за обемот и како ЕУ ќе се справи со последиците од пандемијата.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се шпекулира дека го отфрлил првичниот предлог на Конте – потпишан од осум други шефови на држави и влади – да излезе со нови пари преку заедничко задолжување, односно со продажба на еврообврзници. Од круговите блиски до германската влада се слуша дека е премногу рано за ваков механизам и дека продажбата на обврзниците ќе се чува за уште потешки времиња, доколку некои држави или нивните банки навистина им се закани банкрот.

Од друга страна, сите ја поздравија одлуката на Европската централна банка да купи државни обврзници за дополнителни 750 милијарди евра од засегнатите земји оваа година. Покрај тоа, Европската комисија обврза 37 милијарди евра за медицинска опрема и истражување на вакцини. Комисијата, исто така, го замрзна строгото правило за задолжување, така што државите сега можат да позајмуваат колку што е потребно.

Сепак, Италија има вкупен национален долг од 130 проценти од годишниот БДП, па прашање е уште колку долго финансиските пазари сепак ќе и даваат пари.

Си пишуваат пораки едни на други

Началникот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен има задача да работи на „излезна стратегија“ одкризна ситуација.

„Сега треба да ги усогласиме одлуките за тоа кога да ги укинеме преземените мерки“, рече таа. Ова е проследено со совети за тоа кога ќе бидат укинати изолациите или патните забрани – планот треба да биде комплетен до средината на април.

„Ни треба и план за враќање на економијата, која дотогаш ќе биде во зимски сон“, рече претседателката на Европската комисија. „Ни треба единство и солидарност за да победиме во целата светска борба“.

Канцеларката Меркел истакна дека е потешко да се пронајдат компромиси преку телефон, затоа што „не можете едноставно да шетате околу масата и да пристапите кон некого со предлог“. Но, вели Меркел, шефовите на држави и влади можат да си испраќаат едни со други текстуални пораки. „Тоа е многу интересно“.

Меркел се уште е под карантин откако во неделата откри дека лекарот, кој минатиот петок и дал вакцина за пневмонија, е позитивна за коронавирусот. Првиот тест на Меркел беше негативен, но потребни се дополнителни тестови.

„Имам многу работа да направам, но немам личен контакт на седниците на Владата. Поинаку е“, вели таа.

Слични содржини