ЕУ: Турција предупредена да ги прекине истражувањата во Медитеранот

од Vladimir Zorba

Турција денеска доби уште едно предупредување од ЕУ, откако објави дека нејзиниот истражувачки брод Јавуз ќе ги продолжи операциите во спорните медитерански води во близина на Кипар до средината на септември.

Бродот Jaвуз ќе биде придружуван од уште три турски бродови, иако во предупредувањето на ЕУ се вели дека „сите бродови недвосмислено се предупредуваат да не пловат во тоа подрачје“, пренесе Ројтерс.

Спорот меѓу Турција и Грција се засили во последните неколку недели околу правото на истражување за нафта и гас во Средоземното Море, па дури и минатата недела имаше мал судир меѓу грчките и турските бродови.

„Плановите на Турција да истражува за резервите на нафта во Средоземното Море се однесуваат и на делови од морскиот појас што припаѓаат на Египет и Кипар, а тоа дополнително предизвикува тензии“, предупреди европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел и ја повика Турција да ги прекине сите активности во тој дел на Медитеранот без одложување и да започне дијалог.

Турскиот претседател Ердоган вчера изјави дека јазикот на заканите и санкциите „нема да ја одврати Турција“ од заштита на своите законски права.

Слични содржини