ЕУ воведува темно црвени зони на епидемиолошката карта

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денес најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа – темно црвена зона, од која патниците треба да бидат тестирани пред да заминат и да одат во карантин по пристигнувањето на дестинацијата.

„Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече Фон дер Лејен по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирус.

Како пример, таа го наведе случајот дека во една земја-членка на ЕУ, границите биле затворени во пограничната област и биле отворени во соседната област со иста епидемиолошка состојба.

„Во тој случај, секој од првата земја ќе отиде да купува во втората и со тоа ќе придонесе за ширење на вирусот“, рече претседателот на ЕК, пренесува Хина.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањето, кои не се нужни.

„Убедени сме дека, кога станува збор за патувања кои не се нужни, треба да се земат предвид ограничувањата“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.

Слични содржини