ЕУ започна правна постапка против Унгарија поради ЛГБТ лицата

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија во четвртокот започна правна постапка против нејзината членка Унгарија, како одговор на законот кој се смета за дискриминаторски за припадниците на ЛГБТ заедницата.

Висок извор од ЕУ за АФП изјави дека Брисел денес ќе испрати предупредувачко писмо до владата на премиерот Виктор Орбан и ќе започне „постапка за прекршување“ во четврток.

Минатата недела претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен предупреди дека ЕУ ќе ги искористи „сите расположиви овластувања“ за да ја принуди Унгарија да го укине или измени законот.

Таканаречениот „анти-педофилски“ закон стапи на сила во четвртокот минатата недела, и покрај предупредувањето од Брисел. Законодавството е прогласено како начин за заштита на децата, но противниците велат дека тој ја поврзува педофилијата со хомосексуалноста и ја осудува ЛГБТ заедницата.

Писмото од Брисел е првиот чекор во постапката што може да доведе до тужба пред Европскиот суд на правдата, а со тоа и до финансиски санкции против Унгарија. Одделно, Комисијата сè уште не го одобрила финансирањето на Унгарија од 7,2 милијарди евра за обновување по коронавирусот, иако другите земји-членки веќе чекаат да ги добијат своите први исплати.

Слични содржини