Еурофарм повторно загуби со еден гол разлика

од Aleksandar Petrovski

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го одигра првиот официјален натпревар под ова име, по фузијата на двата битолски суперлигаши, Пелистер и Еурофарм Работник и загубија на домашен терен од ППД Загреб со 27-28.

Хрватскиот тим имаше водство од почетокот на мечот и успеа по првиот дел да замине на одмор со предност од 16-12. Во вториот битолчани се разиграа предводени од Остроушко и стигнаа до минус 1 во 45. минута но немаа сили за подвиг.

Хорват со 10 погодоци беше најдобриот поединец кај победникот додека во редовите на Еурофарм се истакнаа Остроушко со 7 и Ѓуриќ со 5 погодоци.

Слични содржини