Еуроникел преку покровителство на Тиквешкиот гроздобер ја помага и придонесува за заедницат

од Vladimir Zorba

Кавадаречкиот производител на никел, Еуроникел Индустри е еден од најголемите покровители на годинешниот фестивал Тиквешки гроздобер 2019. Втора година по ред, со дадената поддршка за манифестација од ваков вид, Еуроникел го поттикнува развојот на локалната заедница, одржувањето културни манифестации и големата традиција во одгледување винова лоза, по што Тиквешкиот регион е посебно познат.

„Заедницата каде што и самите припаѓаме има примарна важност за нас како стопански субјект. Помагањето и учествувањето во нејзиниот развој, во кој било сегмент од општествениот живот, дали тоа е едукација, култура, спорт, екологија или општо во одржување на традиционалните вредности, е дел од трајната определба на Еуроникел Индустри и претставува инвестицијата во квалитетот на животот во целиот тиквешки регион“, велат од Еуроникел Индустри.

Тиквешкиот гроздобер е само една од манифестациите каде Еуроникел Индустри ја дава својата поддршка. Кавадаречкиот комбинат помага во едукација и учествува во градењето на еколошката свест кај основците преку организирање квизови и едукативно-научни екскурзии. Покрај тоа, со просторните и оперативни капацитети коишто се единствени од овој вид во земјава и преку отстапувањето на истите за потребите на државните органи ја потврди својата функција и во доменот на одговорноста кон институциите и процесите што се од јавен интерес. Од оваа сезона и машкиот кошаркарски клуб од Кавадарци, продолжува со учество во првата лига како МКК Еуроникел 2005, под целосно покровителство на Еуроникел Индустри.

Слични содржини