Евакуиран терминал на аеродромот во Копенхаген

од Vladimir Zorba

Данската полиција евакуира терминал на аеродромот во Копенхаген, поради сомнителен багаж, објавија на Твитер аеродромските власти.
„Полицијата го проверува сомнителниот багаж “, пишува во информацијата. Од аеродромот предупредија за евентуалните доцнења на летовите и проблем со сообраќајот во областа.

Околу два часа по добивањето на алармот, проверката беше завршена. Од аеродромот соопштија дека се враќаат во нормалниот ритам на работа, без да објаснат што се наоѓало во сомнителниот куфер.

Блокираниот привремен терминал е еден од двата основни на аеродромот, кои служат и за меѓународни и за домашни летови.

Слични содржини