„Еве го Рамбо“, „Тој снајпер ќе биде наш“: Србите ги исмеваат косовските специјалци (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Голем број незадоволни српски граѓани денес се собрале на административниот премин Јариње поради зголеменото присуство на специјалните единици на РОСУ најавеното воспоставување на реципроцитет од властите во Косово.

Повеќе од 20 единици специјални единици на косовската полиција се распоредени на административните премини Брњак и Јариње. На терен се менуваат специјалните сили на РОСУ, меѓу кои имало и снајперисти со пушки од висок калибар.

Србите од северот на Косово го блокирале преминот Јариње во двата правци, а видеото снимено на административниот премин Јариње открива дека РОСУ се движи меѓу граѓаните.

Се гледа дека насобраните Срби немаат страв од војниците, дури ги исмеваат членовите на РОСУ.

Како што може да се види на видеото, тие ја дочекаа смената на специјалните сили во добро расположение и со пцовки.

„Оваа е таа позната војска РОСУ, еве го Рамбо, тој снајпер ќе биде наш“, беа само дел од провокациите на српските граѓани кон косовските специјалци.

Слични содржини