Актуелно
Почетна / Магазин / Наука и технологии / Еве како да скриете дека сте прочитале порака на ВатсАп

Еве како да скриете дека сте прочитале порака на ВатсАп

Ако не сакате некој да знае дека сте ја прочитале неговата порака на ВатсАп, тогаш имате среќа. Оваа опција лесно може да се исклучи, пишува „бе92“.

ВатсАп, како и многу други апликации за допишување, има ознака до секоја порака со помош на која можете да видите дали личноста со која се допишувате ја прочитала пораката.

Еден сив штиклиран знак означува дека пораката е испратена, два дека е примена, а ако до пораката има два сини штиклирани знака, пораката е прочитана.

Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите, а лесно можете да ја исклучите. Имајте на ум дека ако ја исклучите, нема да можете да видите дали некој ја прочитал вашата порака, како и обратно. Ова не важи за групните разговори, каде што секогаш се гледа дали пораката е прочитана.

Во продолжение следува упатството:

ВатсАп > Трите точки во горниот десен агол > Settings

Accounts > Privacy > Read receipts поставете ги на „off“

Се разбира, на истиот начин можете и да ја вратите оваа опција.

loading...