Еве како изгледала Мадона на матурата во фустан кој самата го сошила: „Се срамев“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Мадона денес има слава и богатство и може да си дозволи се што ќе посака. Сепак, во минатото не било така и познатата пејачка напорно работеше за да биде таму каде што е сега.

Мадона постојано зборуваше дека растела во сиромаштија и дека таа и нејзината сестра морале сами да си ги шијат гардеробите бидејќи не можеле да си дозволат облека од бутик.

Пејачката на Инстаграм објави фотографија од нејзината матура, за која таа и нејзината сестра сами ги шиеле фустаните.

„Јас и сестра ми Паула на последниот ден од средното училиште! Сами си ги сошивме фустаните… Секогаш ми беше срам што не можеме да си дозволиме фустани од бутик. Гледајќи наназад, мило ми е што научив да користам машина за шиење. Погледнете како нема деколте или голи колена! Тато Чиконе беше многу строг“, напиша Мадона.

Слични содржини