Еве како се однесувате додека сте пијани судејќи според вашиот хороскопски знак

од Stefanija Kuzmanovska

Додека некои знаци се срцето и душата на сите забави, особено кога се пијани, други се повеќе склони кон меланхолија, плачење или повраќање. Во продолжение проверете во која категорија спаѓате вие.

Овен
Овенот е огнен знак кој се смета за забавен алкохоличар. Нивната експлозивна природа ќе ја направи секоја забава барем двојно подобра и позабавна. Кога ќе се опијанат, Овните не се толку несмасни, но следното утро често не се сеќаваат на ништо што сториле додека биле под дејство на алкохол.

Бик
Биковите сакаат да јадат кога се пијани и се однесуваат сосема поинаку во споредба со тоа кога се трезни. Пијаните Бикови сакаат да се гушкаат и да разменуваат нежности со партнерот, но кога алкохолот ќе престане да функционира, тие повторно почнуваат да се преправаат дека недопирливи.

Близнаци
Близнаците премногу размислуваат и затоа сакаат да пијат бидејќи само така можат да ги свртат мислите од секојдневните грижи и обврски. По неколку чаши алкохол, овие хороскопски знаци едноставно не знаат како да престанат да зборуваат.

Рак
Раковите честопати ја напуштаат забавата во солзи, а причината за тоа е што алкохолот ја исфрла на површина нивната емотивна страна. Многу пати се случува да не знаат ни да си објаснат самите на себе зошто плачеле. Едноставно им „доаѓа“.

Лав
Овој хороскопски знак секогаш бара внимание, особено кога е во алкохолизирана состојба. Пијан Лав обожава да флертува и секогаш ќе се обидува да најде некој со кого ќе флертува. Ова е причината зошто често се случува да се разбудат во кревет на странец следното утро.

Девица
Кога Девицата е трезна, таа никогаш не може да се опушти и постојано се стреми кон перфекционизам. Меѓутоа, кога ќе се напие, тоа е сосема друга приказна. Пијаните Девици обожаваат сè и секого и секоја идеја им изгледа генијално.

Вагата е одлично друштво кога е пијана, но може да биде и малку напорна. Немаат проблем да се качуваат на маса и да танцуваат. Тие исто така се склони кон повраќање, особено ако мешаат повеќе видови алкохолни пијалоци.

Скорпија
Скорпија под дејство на алкохол менува цела низа на личности. Во еден момент тие ќе плачат и ќе зборуваат за бившите, а во друг момент веќе ќе бараат нова личност за секс. Никогаш не се знае со овој знак и затоа е добро да внимавате на него додека не се отрезни.

Стрелец
Стрелецот обожава да се опијанува затоа што секое пијанство го смета за ново животно искуство. Сака да ужива максимално во животот, така што нема да има проблем ни да влезе во неволја, но ќе се извлече елегантно од истата.

Јарец
Инаку мирни, Јарците знаат да ја покажат својата „мрачна“ страна во пијанство и во таква состојба најмногу сакаат да озборуваат други. Сè што никогаш не сакале никому да кажат директно, додека биле трезни, одеднаш излегува кога ќе испијат неколку чаши алкохол.

Водолија
Пијаните Водолии се мајстори во добивање бесплатни пијалоци и собирање на туѓи броеви на телефон. Иако тие се најпосакуваните лица на секоја забава, честопати се случува да си одат дома сами. Сепак, тоа не им пречи затоа што секој флерт го пумпа нивното его, па крајниот резултат не е премногу важен.

Риби
Никој не може да предвиди како овој хороскопски знак ќе се однесува кога е пијан. Тоа најмногу зависи од неговото расположение тој ден. Ако Рибите имале лош ден, подобро да не ѝ приоѓате откако ќе испие неколку чаши.

loading...

Слични содржини