Еве какви жени го привлекуваат секој маж, според хороскопот

Pixabay

Секој хороскопски знак има некакви типични карактеристики кои на спротивниот пол можат да му бидат одбивни или привлечни.

Толкму тие карактеристики можат да ви помогнат и да дознаете какви ви се шансите кон мажот кој ви се допаѓа. Се што треба да направите е да дознаете што е во хороскоп, а неговиот знак ќе ви ги открие тајните.

Овен
Мажите родени во овој знак ги привлекуваат жени кои знаат што сакаат, но истовремено не се плашат да бидат спонтани. И самите се такви па свесни се дека им е потребен некој кој е сличен на нив, бидејќи не сакаат некој кој ги спречува.

Бик
Доколку сакате да се мазите и бакнувате, најлесно ќе го украдете срцето на мажот роден во знакот бик. За разлика од повеќето мажи, биковите не се срамат да покажат нежност дури и кога не сте сами.

Близнаци
Мажите родени во знакот близнат сакаат интелигенција и најчесто тоа им е поважно од изгледот. Ги привлекуваат жени кои се мистериозни.

Рак
Мажите во овој знак се најверни и во врската се даваат целосно, а токму тоа и го бараат од спротивниот пол. Ги привлекуваат грижливи и мајчински типови на жена.

Лав
Мажите лавови изгледот им е многу важен и ги привлекуваат жени кои знаат како да се носат. Освен изгледот, важен им е и ставот, а може да ги одбие и најголемата убавица доколку забелеат дека нема самодоверба.

Девица
Маѓите родени во овој знат ги привлекуваат дотерани жени, но на конзервативен начин. Тоа не значи дека нема да се завртат по некоја згодна девојка во мини фустан и феколте, но со некоја таква нема да се обидат да изградат сериозна врска.

Вага
Родени фешонисти, мажите ваги ги привлекуваат жени кои имаат стил, а најмногу оние кои се одвојуваат од толпата. Важно им е нивната потенцијална девојка да е префинета и да ги цени убавите работи во животот.

Скорпија
Емотивно нестабилните скорпии најчесто ги привлекуваат страсни и енергични жени кои знаат што сакаат во животот и можат да го доведат нивниот во ред.

Стрелец
Маѓите стрелци најмногу ги привлекуваат искрени и дирекни жени кои не се плашат да го кажат своето мислење, дури и кога тоа е нешто што останатите не сакаат да го слушнат.

Јарец
Јарците се прилично површни и најлесно ги привлекуваат жени кои ги забележуваат истите „квалитети“. Се грижат за угледот па доста им е важен изледот на потенцијалните партнерки бидејќи мислат дека така ќе ги импресионираат останатите.

Водолија
Водолиите не се грижат за изгледот, туку за интелигенцијата, а најлесно ќе ги привлече некој со кој имаат многу заеднички теми. Исто така, ги привлекуваат мистериозни и неконвенционални жени, додека најмногу ги одбиваат оние претерано емотивните.

Риби
За разлика од водолиите, мажите риби ги привлекуваат жени кои се многу емотивни и не се плашат да ги покажат емоциите.

Слични содржини